Нов голем скандал во Турција: Отворена истрага за над 1.000 фудбалери!
Сега на „удар“ се фудбалерите и наводно над 1.000 фудбалери во Турција имале профили на сајтови за обложување и учествувале во истото, што не е дозволено.
Според информациите познато е и дека 27 фудбалери биле дел од најсилната лига, потоа 77 од вториот ранг, 282 од третиот и најмногу дури 629 биле фудбалери кои играле во четвртата турска лига.
Очигледно обложувањето во турскиот фудбал, може да стане голем проблем. Фудбалскиот сојуз на 1 ноември соопшти дека освен приведените 17 судии, 149 се суспендирани на период од осум до 12 месеци. Нема дилеми дека такви санкции во наредните денови можат да добијат и дел од фудбалерите.