Норич ги надмудри „лисиците“: Луис ја продолжи мизерната форма на Лестер (ВИДЕО)

Лестер се наоѓа во ептен очајна форма, откако на последните шест меча имаат само една победа, а денеска загубија од Норич со 0-1.

„Лисиците“ играа за нијанса подобро од противникот, па постигнаа и гол во второто полувреме, но истиот им беше поништен по асистенција на ВАР-технологијата.

Во 70. минута пристигна шокот за гостите, откако Џамал Луис погоди во нивната мрежа и ги постави конечните 1-0.

Лестер е трет со 50 бодови, односно шест повеќе од четвртопласираниот Челси и седум помалку од второпласираниот Манчестер сити.