Њукасл го елиминира Манчестер сити, Челси конечно даде гол и победи! (ВИДЕО)

Фаворитите во Карабао купот во Англија го минаа 1/16-финалето, со исклучок на најголемиот - Манчестер сити. Актуелниот англиски шампион беше елиминиран од Њукасл со 1-0, на гостински терен, играјќи со комбиниран состав во првите 11.

Пеп Гвардиола на клупата ги остави Халанд, Дијаш, Едерсон, Фоден и Вокер од првата постава, а од нив само Фоден доби шанса во второто полувреме, откако сити се најде во негатива. Во 53. минута Александер Исак беше прецизен, а потоа неговите соиграчи го сочуваа водството и покрај иницијативата на Сити. „Граѓаните“ се осумкратни освојувачи на англискиот Лига-куп, кој во последниве години е именуван Карабао и како ретко кога отпаѓаат уште пред осминафиналето.

Меѓу неколкуте премиерлигашки пресметки во ова коло, атрактивна беше онаа меѓу Челси и Брајтон, која на крај му припадна на тимот во послаба форма - лондонските сини. Откако немаа постигнато гол цел септември, конечно успеаја да реализираат, преку Џексон во шестата минута од вториот дел. Брајтон не најде одговор во својот напад, иако тренерот Де Ѕерби им даде шанса на играчите, кои обично важат за носители, како Митома, Марч, новодојдениот Ансу Фати итн.

Победничка вечер имаа и Арсенал, со 1-0 кај Брендфорд и Ливерпул со 2-1 против Лестер, а за одбележување е елиминацијата на Астон Вила и тоа на домашен терен од Евертон, со 1-2. 

 

КАРАБАО КУП, 1/16-ФИНАЛЕ
Челси - Брајтон 1-0
Ливерпул - Лестер 3-1
Брендфорд - Арсенал 0-1
Астон Вила - Евертон 1-2
Борнмут - Стоук 2-0
Линколн - Вест Хем 0-1
Фулам - Норич 2-1
Блекбурн - Кардиф 5-2
Њукасл - Манчестер сити 1-0