Њукасл дојде на чекор до прво финале по 24 години! (ВИДЕО)

Њукасл го совлада Саутемптон со 1-0 како гостин, во првиот круг од полуфиналето во англискиот Лига-куп.

Иако запишан е само еден гол во конечниот резултат, натпреварот изобилуваше со возбудувања и на двата краја од теренот. Победничкиот гол за Њукасл го постигна Бразилецот Жоелинтон во 73. минута, што претставуваше негова „трета мајка“ на мечот. Претходно, во второто полувреме имаше голема шанса, која не ја реализира, а уште во првиот дел му беше поништен гол поради игра со рака.

На иста основа, беше скратена радоста и на Саутемптон, само две минути откако Њукасл поведе. Дури по прегледувањето во ВАР-собата, погодокот на Армстронг беше поништен. Саутемптон имаше уште причини да жали, бидејќи пропушти две големи шанси во второто полувреме, спречен од изворедниот Ник Поуп. Голманот на „страчките“ го нанижа десеттиот свој меч едноподруго со празна мрежа.

Реваншот е на 31 јануари и ако Њукасл го одбрани овој триумф, ќе се пласира во своето прво големо финале, по 1999 година, кога играше завршница во ФА-купот. Но и тогаш загуби, па затоа последниот голем пехар во клубот датира уште од 1969 година, од Купот на саемски градови.