
Ниту Зидан не може да го промени мислењето на Марсело!?
Бразилецот и понатаму сака да го засили Јуве и одново да биде соиграч со стариот добар пријател, Кристијано Роналдо. Дефанзивецот веќе има и договор со „бјанконерите“, 12 милиони евра по сезона.
Зидан со сите сили го убедува да остане, но и Французинот се очекува да се откаже, бидејки и онака клубот за 40 милиони евра кој ќе ги добие од Јуве, може да најде соодветна замена.