Ниту новиот тренер не помага: И Рома му зема мерка на очајниот Милан (ВИДЕО)

Рома го совлада Милан со 2-1 во дербито на 9.коло во Серија А. 

За „росонерите“ ова беше дури петти пораз сезонава, а новиот тренер Стефано Пиоли по два натпревари на клупата освои само еден бод, оној од минатото коло против Лече. Милан можеби имаше амбиции да се врати во Лигата на шампиони, но сезонава поверојатно е дека ќе се бори со просечноста во вториот дел од табелата. 

Един Џеко ја доведе „волчицата“ во водство од 1-0 во 38-та минута по еден корнер. Тео Ернандез израмни на 1-1 во 55-тата минута, со што левиот бек покажа дека сезонава е единствената светла точка ка Милан.

Радоста на гостите траеше многу кратко, бидејќи само три минути подоцна Николо Заниоло погоди за 2-1 по очајната грешка на Давиде Калабрија. 

Со оваа победа Рома се искачи на 5.место со 16 бодови, додека Милан е 12-ти со 10 бода.