Николов ја завери победата на МОЛ Фехервар за прво место во Унгарија (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов го завери триумфот на својот МОЛ Фехервар за победата од 3-1 на гостувањето кај Диосѓер, па сега изби на првото место на табелата, но со два меча помалку од актуелниот првак Ференцварош.

Николов погоди во 86-та минута по еден противнапад и „мало шоу“ во шеснаесетникот, па со погодокот стави точка, зашто од полувреме Мол Фехевар имаше водство и беше на чекор да ја зашише деветата сезонска победа.

Николов, како и репрезентативниот колега Висар Муслиу го одиграа целиот меч и веќе од поодамна се стандардни првотимци во овој унгарски гигант, кој од неодамна го смени српскиот стратег Марко Николиќ.