Невиден трансфер: Јувентус за да купи фудбалер, мора да ја купи и девојка му!

Се очекува во наредните денови Јувентус да го комплетира ангажманот на Даглас Луис од Астон Вила, а овој трансфер е поинаков поради тоа што во пакет со него оди и неговата девојка која исто така е фудбалерка.

Вредноста на Даглас Луис се проценува на 70 милиони евра, Јувентус нема толку пари да плати, па ќе даде околу 20 милиони евра плус двајца фудбалери.

Во Астон Вила како дел од овој трансфер треба да пристигнат Вестон Мекени и Самуел Илинг Жуниор.

Но, она што е необично за овој трансфер е тоа што Јувентус ја купува и девојката на Даглас Луис, Алиш Леман која со голем успех настапува за женскиот тим на Астон Вила и е репрезентативка на Швајцарија која досега има 53 настапи за својата селекција.

Покрај тоа што игра фудбал, таа и добро изгледа па има речиси 17 милиони следачи на Инстаграм. Нејзиниот трансфер покрај тоа што ќе го засили женскиот тим на Јувентус, ќе биде и добар маркетинг потег.

Луиз наводно го условил Јуве дека ако го сакаат него ќе треба да ја купат и неговата девојка.