Невиден хаос во Спортинг - денеска апсења поради местенки во фудбалот и ракометот!?

За само неколку часа ситуацијата на стадионот „Жозе Алваладе“ прерасна во вистински хаос. Вчера имаше упад на хулигани кои со бакљи, каиши и ножеви тргнаа по фудбалерите, а утринава рација поради местенки!

Според извештаите од Португалија, уапсени се четири лица, меѓу нив и спортскиот директор Андре Жералдес.

Интересно, истрагата е покрената поради сомнителна дејства во ракометниот тим, бидејќи Спортинг во тој спорт ја освои двојната круна втора година по ред. Но, истрагата се проширила. Полицијата пресретнала гласовни пораки на извесен Пауло Силва преку апликацијата ВатсАп. Тој е посредник кој во името на лисабонските лавови ги договарал резултатите. Силва наводно на судиите им дал 2.000 евра за да го намести натпреварот помеѓу Бенфика и Порто и така ракометарите на Спортинг да останат на чело на табелата.

Меѓутоа, истрагата потоа беше проширена и на фуцбалската секција на Спортинг. Конкретно на августовскиот дуел со Гимараеш од оваа сезона кој лавовите го добија со 5-0. Помеѓу останатотт и затоа што споменатиот Силва наводно ги потплатил стоперите на противничкиот тим. 

Под лупа се и натпреварите против Феиренсе, Шавес, Тондело, Авес и Ешторил. Во сите ситуации Пауло Силва бил посредник. И за да биде целата ситуација уште полоша, играчите почнаа да бегаат од Спортинг по хулиганскиот упад во соблекувалната. Медиумите пренесуваат дека и капитенот и најдобриот играч Бруно Фернандеш, веќе му соопштил на своето семејство дека ќе ги спакува куферите.