Неуспехот во борбата за Златната топка го носи Винисиус во Саудиска Арабија

И покрај тоа што е еден од најдобрите фудбалери во светот во моментов, Винисиус во моментов се чувствува ужасно, навредено и понижено, тврди порталот Foot Mercato.

Причина за тоа е неуспехот во трката за Златната топка која отиде во рацете на Родри, а на Бразилецот му „извади“ од џебот огромна сума пари, предвидена како награда за освојувањето на најголемото индивидуално признание.

„Поразот во трката за Златната топка ги поремети плановите на бразилскиот напаѓач. Винисиус чекаше да биде овенчан со трофејот за најдобар во светот и планираше потоа од Реал да бара нов договор - најголем на светот. Откако не успеа да ја освои Златната топка, а со самото и најважниот адут во преговорите за нов договор, легитимно се поставува прашањето за иднината на Винисиус“, пишува порталот.

Поради ваквиот развој на настаните, повторно во игра се враќа Саудиска Арабија од каде имаше понуда минатото лето и тоа во висина од милијарда евра за пет години. Со оглед на тоа што Кристијано Роналдо е на залезот на кариерата, а и не игра на високо ниво оваа сезона, Винисиус би бил прва ѕвезда во лигата.

Сепак, прашање е дали и со таква понуда, Бразилецот е подготвен да го остави сериозниот фудбал на 25-годишна возраст колку би имал на крајот од оваа сезона и би заминал да игра ревијални натпревари, само за да заработи повеќе.