Несторовски си оди од Удине, но останува во Италија

Заминувањето на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски од Удинезе после четири години во овој калчолигаш веќе од поодамна е најавено и само се чека момент за официјална разделба, па италијанските медиуми посочуваат дека популарниот „Несто-гол“ може ќе замине од Удине, ама нема да ја напушти Италија.

Според информации на дел од италијанските медиуми, Несторовски кој од 2016 година е на Апенините, откако за пола милион евра дојде од Интер Запрешиќ после „златната копачка“ во Хрватска ќе остане да игра на Чизмата, дали во некој друг калчолигаш или во Серија Б засега е неизвесно.

Самдорија која зимоска се поврзуваше со трансфер на Несторовски, Специја, како и неколку други Б-лигаши меѓу кои и Палермо, наводно се низата опции за прилепчанецот, кој без оглед на малиот голгетерски ефект, сепак ужива сериозен респект кај клубовите.

Несторовски во Удинезе дојде бесплатно откако Палермо, каде стана икона и капитен на тимот банкротираше.