Несторовски „распука“ во првиот дел - два гола за четири минути против Сан Луиџи!

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски заигра од првата минута во денешниот меч против Сан Луиџи и успеа да постигне два гола во првото полувреме за калчолигашот.

Несторовски дури двапати успеа да ја погоди мрежата на противничкиот тим. Македонецот најпрво стрелаше во 30. минута, а четири минути подоцна повторно погоди за водство од 5-1 на неговата екипа.

Останатите голови за Удинезе во првите 45 минути ги постигнаа Мале, Теодоршик и два погодоци имаше Манрагора.