Неспектакуларен фудбал на „Олд Трафорд“: Менди го одбрани Челси (ВИДЕО)
Без многу шанси и спектакуларен фудбал, играч на натпреварот беше голманот на гостите од Лондон, Едуард Менди. Новата аквизиција на Френк Лампард, покажа дека Кепа Аризабалага може само да ја грее клупата на „сините“, а не голот.
Менди имаше две одлични интервенции во првото полувреме против Хуан Мата и Маркус Рашфорд, а против младиот Англичанец имаше уште една спектакуларна одбрана во 92-та минута.