Нервозниот Рибери физички го нападна судијата: Го чека суспензија (ВИДЕО)

Фиорентина синоќа пред своите навивачи загуби од Лацио со 2-1, а по натпреварот Франк Рибери беше нервозен и му се нафрли на еден од помошниците на главниот судија, Марко Гвида. 

Французинот прво вербално го нападна помошникот судија, за потоа и два пати да го турне. За овој потег Рибери го чека суспензија од најмалку три натпревари, а можеби и повеќе. По натпреварот доделен му е црвен картон, што автоматски значи казна од еден натпревар.