Нејмар откри кој според него е најдобар фудбалер на сите времиња (ВИДЕО)

Бразилецот Нејмар не се појави на почетокот на подготовката на ПСЖ, бидејќи го промовираше турнирот во мал фудбал, поради што доби соодветна казна од клубот. Исто така, Бразилецот е близу до напуштање на тимот од Париз.

За време на промоцијата на турнирот, Нејмар одговори на прашањата на навивачите, а еден од нив беше кој е најдобриот дефанзивец на светот, на што Бразилецот одговори експресно: „Серхио Рамос“.

Многу е тешко да се игра против него, а што е особено важно, тој дава голови, иако е дефанзивец, изјави Нејмар.

Бразилскиот голгетер немаше дилема кога го прашаа за тоа кој е најдобриот фудбалер на планетата.

Меси, тој е најдобриот на сите времиња. Ние игравме заедно четири години во Барселона, ми беше чест и задоволство да си играм со него и останавме пријатели, додаде Нејмар.

Можеби ова е уште еден сигнал од Бразилецот кој посакува да се врати во „Ноу Камп“.