Нејмар ќе има договор со ПСЖ до 2027 година

Нејмар во 2017 година направи трансфер од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра и сè уште е најскапиот фудбалер во историјата. 

Неговиот договор со ПСЖ во 2021 година беше продолжен до јуни 2025 година, но со дополнителна клаузула за продолжување на уште две години. Овие клаузули се активираа по завршувањето на сезоната 2020/2021 и 2021/2022. Па така од 1 јули Бразилецот ќе има важечки договор со парижаните до 30 јуни 2027 година. 

Иако имаше шпекулации дека клубот сака да го продаде Нејмар, засега нема ништо од тоа. Малку клубови во Европа би можеле да платат огромно обештетување за крилниот напаѓач и секако да ја плаќаат неговата плата од околу 35 милиони евра по сезона.