„Не сум фудбалер за три минути, затоа одбив да влезам во игра против Тотнем!“
Тој со „половина уста“ изјави дека се кае што предвреме го напуштил стадионот, но не и што одбил да ја послуша наредбата од холандскиот стратег.
„Ако за нешто се каам од таа ситуација е што предвреме го напуштив стадионот. Дури и не сум целосно сигурен дека се каам, бидејќи се почувствував испровоциран од тренерот Тен Хаг. Јас не сум фудбалер за само три минути. Извините, ама не сум таков играч. Знам што можам да му дадам на тимот“, изјави Роналдо.
Португалецот потенцира дека бил разочаран како луѓето од клубот комуницирале со него по инцидентот и дека било срамно што го суспендирале на три дена.