Не е сè во парите: Тухел му испрати јасна порака на Перез

Реал Мадрид е еден од најголемите клубови во светот и многу фудбалери сакаат да го носат дресот на шпанскиот гигант. Токму тоа сака да го искористи претседателот Флорентино Перез за да го добие потписот на 23-годишниот Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.

Канаѓанецот има договор со германскиот шампион до јуни 2025 година, но тренерот Томас Тухел не планира да остане без Дејвис, па затоа испрати брутална порака до Перез.

„Дејвис е наш фудбалер, и тоа еден од најважните. Знае колку го почитуваме и не планираме да се разделиме. Верувам во управата на клубот. Сè уште има доволно време да напредува“, кажа Тухел и порача дека Канаѓанецот ќе остане во баварскиот тим.

Иако „кралевите“ се надеваа дека идното лето ќе можат да го добијат за одредена сума на пари, меѓутоа бундеслигашот порача дека не е сè во парите и ќе го задржи Дејвис.