
Навивачите го исвиркаа Тен Хаг по најлошиот старт на тимот во последните 34 години
Екипата на тренерот Ерик Тен Хаг има четири порази оваа сезона, како и три победи и се наоѓа на 10. место на табелата, а тоа е најлошиот старт на клубот во последните 34 години.
Навивачите не се среќни со резултатите и го исвиркаа тренерот, но и фудбалерите на премиерлигашот.
„Ги разбирам навивачите. Играме на домашен терен против Кристал Палас и мора да победиме. Знам дека секој меч е тежок, но мора да бидеме подобри“, кажа Тен Хаг.