Наполи со 70 милиони евра купува два извонредни фудбалери

Италијански Наполи сериозно работи за летниот преоден рок да се засили и да биде многу поконкурентен и во Серија А, но и во Европа, а за својата операција за двајцата најпосакувани играчи ќе одвои – 70 милиони евра.

Станува збор за два извонредни фудбалери, кои се офанзивно настроени и треба да го подигнат квалитетот на екипата. Станува збор за Мексиканецот, Ирвинг Лозано, кој ја воодушеви фудбалската јавност со настапите за Мексико и ПСВ Ајндховен, како и фудбалерот за врска на Вилјареал, Пабло Форналс.

За Лозано, Наполи планира да го купи за 40 милиони евра, сума која е задоволителна за „филипсовците“, а Мексиканецот под Везув ќе добие 2,5 милиони евра годишна плата и петгодишен договор.

За Форналс, Наполи има опција со 30 милиони евра да ја активира откупната клаузула, но ќе ја сочека завршницата на сезоната за да види дали „жолтата подморница“ ќе опстане во Ла Лига (сега е четири бода над опасната зона). Ако случајно Вилјареал испадне, тоа ќе значи дека Форналс би можеле да го добијат и за многу помалку пари.