Наполи едвај против второлигашот Емполи: Елмас конечно доби шанса во првиот тим (ВИДЕО)

Наполи се пласираше во четвртфиналето во Купот на Италија по победата од 3-2 против второлигашот Емполи. 

Фаворитот два пати водеше со головите на Џузепе ди Лоренцо и Ирвинг Лозано, но гостите два пати израмнуваа благодарение на головите на Недим Бајрами. Победничкиот гол за Наполи го постигна Аднреа Петања во 77-та минута.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби редок старт на натпреварот од тренерот Џенаро Гатузо и играше до 70-тата минута, кога на негово место влезе Фабијан Руиз. 

Наполи во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од дуелот помеѓу Рома и Специја. Овој натпревар се игра на 19 јануари.