Најлош период за Гвардиола во Манчестер Сити, четврти пораз по ред! (ВИДЕО)
Статистиката вели дека ова е најлошиот период за Пеп Гвардиола на кормилото на Манчестер Сити, првпат има четири порази по ред.
Ова му е втора ваква серија во кариерата, првата е како тренер на Баерн Минхен.
Манчестер Сити добро го почна натпреварот, со гол на Ерлинг Халанд водеше по првото полувреме во кое беше подобар противник.
Но, работите се променија во вториот дел. Брајтон почна да игра фантастично бркајќи ја негативата.
Офанзивната игра на домаќините вроди со плод во 78. минута кога Жоао Педро во една мешаница најдобро се снајде и израмни на 1-1.
Само пет минути подоцна по една одлична акција Орајли даде гол за комплетен пресврт и водство на Брајтон од 2-1. Тоа беше и конечниот резултат на мечот.