Најголемиот македонски голмански талент пред трансфер во Порто (ФОТО)
Василев безмалку три недели веќе е во Порто каде тренира, откако ги собрал симпатиите со настапите за младите селекции на Македонија, па португалците не чекале премногу за да го викнат во својата академија и многу извесно е дека ќе стане член на овој славен португалски клуб.
Ако Василев потпише за Порто, ќе биде втор Македонец во овој славен клуб, прв во фудбал, зашто Никола Митревски, ракометниот репрезентативен голман веќе три години е дел од ракометната секција на португалскиот великан, а годинава потпиша нов договор.