Награда за добрите резултати: Марадона останува тренер во Аргентина

Легендарниот Диего Марадона ќе остане тренер на Химназија и следната сезона, откако го продолжи договорот со клубот од Ла Плата на уште една година.

Марадона го презема тимот во 2019 година, кога беше на последната позиција на табелата во аргентинскиот шампионат, а во меѓувреме ги подобри резултатите и ја однесе екипата на 19. позиција.

Тоа беше доволно за да се продолжии соработката и во следната сезона, во која сигурно ќе има поголеми амбиции.