На „Сан Сиро“ пред мечот Милан - Торино ќе има место само за еден дрес! (ФОТО)

Калчолигашот Милан ќе оддаде почит на кошаркарската легенда Коби Брајант, кој почина трагично во хеликоптерска несреќа пред два дена.

Вечерва „росонерите“ се соочуваат со Торино во натпревар од Купот на Италија, кој ќе започне со едно-минутно молчење во спомен на легендата.

Брајант поголемиот дел од детството го помина во Италија, каде неговиот татко играше кошарка. Коби знаеше италијански и не ги криеше симпатиите кон Милан.

Јас го поддржувам Милан уште од детството. Да се ​​биде овде е огромна чест за мене. Како дете беше остварување на сонот да ги гледам Гулит, Ван Бастен и Малдини. Милан отсекогаш бил мој тим и секогаш имал посебно место во моето срце. Во Л.А. имам шал и дрес од Милан, што ги гледам секој ден, изјави тогаш Брајант.

Исто така „црвено - црните“ одлучија кај корнер знаменцето да стават дрес со бројот 24 и неговото презиме, како и кошаркарска топка и цвеќе. Исто така на рекламите околу теренот ќе пишува „Легендите никогаш не умираат“.