
На Роналдо нема да му се допадне што изјавил Алегри пред година дена
Италијанските новинари му „ископале“ на Алегри една изјава од пред една година, која нема многу да го израдува суетниот Роналдо. Дадена е во периодот кога Нејмар требаше или веќе замина од Барселона во ПСЖ.
„Не знам баш дали Нејмар вреди 200 милиони евра, но прави некои работи, кои носат разлика. Тој и Меси се двајцата најдобри фудбалери на планетата“, изјавил Алегри.
За Роналдо е опсесија да биде подобар од Меси и воопшто, најдобар, а тоа го има и „црно на бело“, откако ја освои петтата „Златна топка“ во својата кариера. Сепак, како ли ќе игра за тренер кој не мисли дека тој е најдобар на светот е вистинска енигма.