Мурињо во свој стил по победата со 7-0: Има работи кои не ми се допаднаа!
Португалецот во старт објасни дека неговиот тим не бил толку подобар за да победа со така висока разлика.
„Добар настап, но резултатот не е важен. Имаше подеми и падови, вклучително и во однос на кондицијата, па не беа сите подготвени да играат 90 минути со висок интензитет. Жалам за Емполи, но тоа е фудбалот. Не ми се допаднаа некои работи во играта на мојот тим и заедно со помошниците ќе анализираме се подетално“, изјави португалскиот стратег.
Мурињо исто така не се согласува со дефинициите за неговата работа и перформансите на неговиот тим.
„Мислам дека не бев толку добар тренер како што рекоа минатата недела. И сега не станавме исклучителен тим. Имаме потенцијал и нашата цел е да одиме натпревар по натпревар и да победуваме“, дополни Мурињо.
За Рома ова беше прва победа во четвртиот меч сезонава, по која е на 12. место на табелата во италијанскиот шампионат.