Мурињо не се грижи за отказ: Португалецот подготвил „план Б“!?

Манчестер јунајтед игра катастрофално во последниот период, па тренерот Жозе Мурињо се соочува со отказ од англискиот гигант.

„Црвените ѓаволи“ ја продолжија „црната“ серија и против Валенсија во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони, а тоа предизвика големи критики од легендата на клубот, Пол Сколс.

Сепак, Мурињо не се грижи премногу за тоа дали ќе добие отказ бидејќи Португалецот е голема желба на Фудбалската федерација на САД.

„Спорт Илустрејтед“ пишува дека доколку Мурињо добие отказ од Јунајтед, тогаш ќе биде главен кандидат за селекторската позиција на репрезентацијата на САД.