Мурињо ќе се воодушеви од неверојатната изјава на Гвардиола

Жозе Мурињо доби отказ денеска од Манчестер јунајтед, откако загуби во вечното дерби од Ливерпул со 1-3 на „Енфилд“, па тоа не можеше да го поднесе управата.

Иако многумина се среќни што Мурињо сега замина од Јунајтед, сепак има и такви кои застанаа на негова страна.

Португалецот доби поддршка од својот „непријател“ Пеп Гвардиола, кој по дуелот меѓу Лестер и Манчестер сити даде неверојатна изјава.

„Јас сум на страната на Мурињо. Ние, тренерите, сме сами. Тој е силен човек и наскоро ќе се врати“, кажа Гвардиола.