Мурињо: Јунајтед заслужено ги освои бодовите
„Црвените ѓаволи“ славеа со 2-1 и заслужено ги прокнижија сите три бода, а тоа го призна и Мурињо.
„Се обидов да им кажам на моите фудбалери, како точно ќе игра Јунајтед на домашен терен на дерби натпревар, исто како што играше против Челси и Ливерпул. Секогаш има силен старт со многу трчање, пресинг, се обидуваат да го кренат моралот на своите навивачи“, рече Мурињо. „Нормално, доаѓаат од лоши резултати против помалите тимови, па кога играат против големите луѓето мислат дека ќе биде потешко за нив. Но за нив не е потешко да играат против посилните тимови, бидејќи одговорностите се менуваат и Јунајтед се чувствува многу поудобно на ваков начин на игра. Ние мораме да се обвинуваме самите себе. Мислам дека Јунајтед ќе биде среќен со бодовите, на крајот и комплетно ги заслужија“, истакна менаџерот на Тотнем.