Мурињо ја испофали легендата на Челси: Лампард ги има сите услови да биде успешен менаџер

Поранешниот менаџер на Челси, Жозе Мурињо, изјави дека сегашниот предводник на „сините“ од Лондон, Франк Лампард, ги има сите предуслови за да биде успешен менаџер.

Лампард ја започна својата кариера променливо на кормилото на Челси, триумфирајќи на само еден во првите пет официјални натпревари, но според Мурињо, резултатите ќе се подобрат со текот на времето.

Тој има едногодишно искуство од Дерби, каде покажа добри квалитети и сега е во Челси каде игра за големите трофеи. Тој игра во Лигата на шампионите, играше за Европскиот Суперкуп, тој веќе имал големи и важни натпревари и тоа искуство ќе му помогне. Фудбалот отсекогаш бил дел од неговиот живот. Тој е син на фудбалер. Неговиот чичко е менаџер, тој е самиот топ играч. Мислам дека ги има сите услови да биде успешен менаџер, изјави Мурињо за „Скај Спорт“.

Челси вчера забележа убедлив триумф на гостувањето кај Волверхемптон (2-5), во рамки на петтото коло од Премиер лигата.