Мурињо: Ако Тотнем не заврши меѓу најдобрите шест нема да биде крај на светот!

Контроверзниот португалски стручњак, Жозе Мурињо, кој моментно е менаџер на Тотнем, секогаш знае на перфектен начин да им одговори на критичарите.

Португалецот овој пат изјави дека нема да биде крај на светот ако „петлите“ не успеат да завршат во првите шест во Премиер лигата – нешто што не се случило од 2009 година.

Тотнем загуби со 1-3 од Шефилд Јунајтед во четвртокот и е на деветтото место на табелата. Тимот е на 10 бода зад петтопласираниот Манчестер Јунајтед и само победа против Евертон во понеделник ќе ги задржи надежите за учество во европските натпрерварувања следната сезона.

Ако тоа не се случи, тоа нема да биде крај на светот, тоа е веројатно почеток на нов свет. Работите се менуваат, се менуваат за нас, се менуваат за другиот клуб. Екипите се менуваат, мотивацијата се менува. Тимот кој беше силен пред 10 години веројатно не е веќе силен. Играч со максимална мотивација веќе не е таков, истакна „Специјалниот“.