Мората заврши во болница по тешка повреда на тренинг

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората утрово се здобил со сериозна повреда на главата и бил пренесен во болница.

Италијанскиот клуб ја потврди веста и откри дека Мората се повредил при судир со еден од неговите соиграч.

Мората наводно се судрил со Страхиња Павловиќ, а поради мерки на претпазливост ќе мора да го пропушти следниот меч против Каљари во Серија А.

Шпанецот во дресот на „росонерите“ постигна три гола на 12 настапи во сите натпреварувања.