Мората има сериозен здравствен проблем - не е исклучен и крај на кариерата!

Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората неколку дена не тренира со Атлетико Мадрид, а причина за тоа е неподнослива болка, предизвикана од невралгија.

Станува збор за болна состојба која го зафаќа тригеминалниот нерв, еден од најважните на лицето и болката може да трае од една секунда до 2 минути. Дури и благо движења можат да предизвикаат болки кои ја зафаќаат десната страна од лицето.

Иако ова е карактеристична за лица постари од 50 години, Мората во моментов се мачи, чувствува неподносливи болки и сигурно ќе пропушти неколку натпревари. Многу веројатно е дека ќе заврши на операција, а во моментов не е исклучен ниту крај на кариерата бидејќи прашање е како би играл со такви проблеми.