Мончи бесен по поразот на Севилја: Сакав да го изнесам тимот надвор од терен!

Реал Мадрид победи со 2-1 против Севилја во шпанската Ла Лига, но ВАР-технологијата им поништи важен погодок на гостите, со што влијаеше на резултатот, а поради тоа не беа задоволни гостите од Андалузија.

ВАР-системот му поништипогодок на Лук де Јонг во 31. минута, откако еден од неговите соиграчи направил прекршок во напад.

„Тоа е акција која ја виде цел свет. Такви потези се случуваат во игра. Мислам дека беше важен момент и дека одлуката влијаеше на резултатот, со што го промени текот на мечот“, вели директорот на Севилја, Мончи.

ВАР ја прегледуваше и ситуацијата при голот за 1-1, но сепак на гостите не им беше поништен погодокот.

„Доколку го поништеше голот, тогаш ќе го повлечев тимот од терен и ќе го напуштевме мечот. Сакав да го направам тоа и бев подготвен“, објаснува Мончи.