Лос Анџелес Галакси го блокира трансферот на Касемиро во Интер Мајами
Сепак, договорот сè уште не е финализиран и официјализиран во МЛС. Касемиро, кој настапува на Светското првенство со „Селесао“ и веќе постигна гол, а Бразил е во осминафиналето откако ја елиминираше Јапонија, сè уште не може да го одбележи своето пристигнување во Мајами каде што Меси и друштвото го чекаат со раширени раце.
Иако играчот од средниот ред е слободен агент, откако го одработи договорот со Манчестер Јунајтед, Мајами сè уште не може да го финализира неговото потпишување поради правата што на него ги има друг клуб. Овие права, според записите од МЛС, моментално им припаѓаат на Лос Анџелес Галакси и затоа клубот од Калифорнија бара надомест за да го пушти да потпиоше со Интер Мајами. Сумата што Галакси ја бара изнесува помеѓу 700.000 и 1 милион долари. Иако оваа сума не е голема и не би требало да претставува проблем, сепак ситуацијата е статус-кво и ги држи во неизвесност и Интер Мајами и Касемиро.