Пред да направат историски пресврт, Белгијците за малку ќе се истепаа меѓу себе (ВИДЕО)

Понекогаш, место тактики, цртање на табла и здодевни анализи, сè што треба е една искрена, машка борба на теренот за екипата да се разбуди од клиничка смрт.

Ако ги прашате Белгијците, рецептот за пласман во осминафиналето на Светското првенство против Сенегал беше едноставен - за малку ќе се степаа во 70. минута, а потоа дојдоа до херојски, историски пресврт со 3-2 - по продолженијата.

По паузата за освежување, двајца белгиски фудбалери влегоа во клинч. Тросар ја бараше топката, Тилеманс го игнорираше и испрати додавање во празно, а потоа на двајцата им „пукна филмот“ . Почна туркање, искри летаа, се фатија за дресовите еден на друг, а хаосот беше толку голем што Николас Раскин и Ромелу Лукаку, па дури и сенегалските ѕвезди Камара и Ниакате, мораа да ги разделат!

И - тоа беше најдоброто нешто што можеше да ѝ се случи на Белгија на ова првенство! Таа суета, гнев и огромно его се претворија во чисто гориво. Прво, Лукаку ја намали негативата во 86. минута, а потоа, во судиското продолжение – филмски момент. Тросар центрира, Тилеманс скока и погодува за 2-2! Гневот исчезна, заменет со рик на олеснување. Истите ликови кои се давеа дваесет минути претходно сега беа во најцврста прегратка, а играчот на Астон Вила го крена Тросар во воздух.

Тилеманс ја заокружи херојската приказна од пенал во 125. минута. Ладен како шприцер, тој постигна гол за конечни 3-2 и ја лансираше Белгија во првите 16 во светот, а Сенегалците ги испрати дома.