Монако остана без Европа, Нант се спаси и го прати Оксер во втора лига! (ВИДЕО)

Поранешниот француски првак и екс-европски вицепрвак Монако остана без излез во Европа, а Оксер е последниот клуб кој испаѓа од елитната Лига 1, после денешното последно коло во француското елитно натпреварување.

Нант беше на раб на испаѓање и им требаше победа против Анже, ама Оксер да не го победи Ланс кој беше без резултатски императив откако веќе во минатото коло осигура директен пласман во ЛШ. Но, вицепрвакот на Франција одигра чесно, славеше со 3-1 во Оксер, па Нант го искористи подарокот за да се спаси во последен момент.

Ганаго уште во 16-та минута го даде голот за победа, па сѐ потоа зависеше од исходот на мечот во Оксер, кој загуби, па така со 35-те бода како четврти одзади им се придружува на Ажаксио, Троа и Анже кои од поодамна се второлигаши

Монако го запиша третиот пораз по ред и остана без Европа откако загуби дома со 1-2 од Тулуз, а Лил го освои петтото место за позиција за Конференциската лига после ремито кај Троа 1-1. Рен како четврти одли во Лига Европа, како и Тулуз кој го освои Купот на Франција.

Во денешните мечеви Ажаксио – Марсеј 1-0, Оксер – Ланс 1-3, Брест – Рен 1-2, Лориен – Стразбур 2-1, Монако – Тулуз 1-2, Нант – Анже 1-0, Ница – Лион 3-1, ПСЖ – Клермон 2-3, Ремс – Монпелје 1-3, Троа – Лил 1-1.