Монако го набрка тренерот после фијаското без излез во Европа

Поранешниот француски првак и екс-европски вицешампион Монако му удри клоца на досегашниот тренер Филип Клемен после фијаското во сезонава во Лига 1, откако синоќа по последното коло со пораз од Тулуз (1-2) и официјално „кнезовите“ не изборија излез во Европа.

Филип дојде во Монако во јануари 2022 година и тогаш успеа да го препороди бившиот француски првак за да излезе во Европа со пласман на третото место, беше еден од клучните фудбалери за развој на низа млади играчи во оваа сезона, но иако „кнезовите“ имаа импресивен период, на крајот кризата во завршницата од сезоната ги остави без европски мечеви во новата сезона.

„Ова беше тешка одлука зашто Филип го даде најдоброто од себе за овој клуб, професионално работеше и затоа мора да му се заблагодариме“, рече Пол Мишел, спортскиот директор на клубот.

Монако најави дека во следниот период ќе бара долгорочно решение, а сооглед дека нема излез во Европа, ќе може и малку подолго да помине за изборот кој ќе го води тимот од август.