Момче Македонче е МВП во американската МЛС лига! (ВИДЕО)

Даниел Мусовски е име кое можеби многумина не го познаваат на овие простори, но тоа е момче родено на 30 ноември 1995 година во Невада и има македонски корени, а вчера стана и МВП на колото во американската МЛС лига, откако постигна два гола во триумфот на Лос Анџелес против Сиетл (3-1).

Мусовски имаше одличен старт на натпреварот, па само по 15 минути ја погоди противничката мрежа за водство од 1-0 на Лос Анџелес. По што во вториот дел неговиот тим зголеми на 2-0, но Николас Лодеиро намали на 1-2.

Сепак, младото момче не дозволи никакво изненадување и со неговиот втор гол во 84. минута ги постави конечните 3-1 на мечот, па заслужено ја доби наградата за најдобар фудбалер на мечот.

Мусовски најпрво настапуваше во младинската академија на Лас Вегас, по што се сели во тимот на Лас Вегас мобстерс, каде што игра до 2015 година. Една сезона подоцна потпишува за Бурлингејм драгонс, а потоа се сели во Таксон.

Во 2018 година потпишува за Сан Хозе, но таму не се задржува долго бидејќи веднаш е испратен на позајмица во Рено 1868, каде што игра до 2019 година и притоа постигнува 16 голови. Од сезонава е дел од Лос Анџелес и досега настапи 11 пати, а притоа постигна четири погодоци за тимот.