
Модриќ ја донесе „златната топка“ во соблекувалната, прв ја бакна – капитенот Рамос (ФОТО)
Во соблекувалната Модриќ ја држеше „златната топка“, ама прв ја бакна капитенот Серхио Рамос. Оваа златна топка за фудбалер на Реал Мадрид е доказ и можност за гордост на сите реаловци, зашто се потврдува доминацијата во европскиот и светскиот фудбал
„Моја почит Лука“, напиша Рамос откако ја објави фотографијата со „златната топка“.
Модриќ во изборот за најдобар на светот ги победи Кристијано Роналдо и Ентоан Гризман.