Модриќ доби награда која никогаш не ја освоилe Меси и Роналдо

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ вечерва ја доби наградата „Златно стапало“ во Монте Карло. Станува збор за награда која ја доделува една компанија со седиште во Монако на играчи над 29 години, како признание за нивната успешна кариера. Критериумите се: индивидуален успех, тимски успех, исклучителна личност и харизма.

Жирито составено од новинари ширум светот ги номинираше кандидатите и гласаше на Интернет. Интересно е што ниту Кристијано Роналдо ниту Лео Меси досега не ја освоија оваа награда за време на нивните кариери.

Чест ми е што ја добив оваа награда. Се враќам на моето најдобро ниво, а тоа го покажан на минатиот натпревар. Има седум многу важни натпревари до крајот на годината и ќе продолжам да играм добро, истакна Модриќ по добивањето на наградата.

Инаку, sвездите како Икер Касилјас и Џанлуиџи Буфон го освоија ова признание претходните години, а Единсон Кавани ја освои наградата минатата година.