Митровски асистира „а ла Чави“: Португалците воодушевени од Македонецот (ВИДЕО)

Младинскиот македонски репрезентативец Димитар Митровски, кој даде хет-трик за стартната евроквалификациска победа со 7-1 против Фарските Острови повторно блесна за Спортинг Лисабон за да му обезбеди деветта победа во исто толку меча на тимот до 23 години на гостувањето против Белененсес.

Митровски, кој влегол од клупата на резерви имаше страшна асистенција од преку 30 метри за Тијаго Родригес, кој рутински ја погоди мрежата и да донесе победа од 2-1, со што Спортинг во развојната лига има максимален ефект од 27 бода по девет кола. Митровски пред еден месец постигна фантастичен гол од 20 метри за Спортинг.

Македонскиот талент со ова покажа дека е во одличен ритам и дека од него, заедно со Дарко Чурлинов, Јани Атанасов, Ердон Даци и Давор Здравковски се очекува да бидат оснивата за нови успеси со младинската селекција, која ја очекуваат два сериозни тестови во продолжението на квалификациите, прво со Црна Гора во Подгорица на 10 октомври, а потоа со Казахстан во Скопје на 15 октомври.