Миовски од клупа ќе чека шанса против Барселона
Тренерот на Жирона, Мичел ги одбра стартните 11, но во нив нема место за нашиот напаѓач кој во вторникот постигна гол за македонската репрезентација во дуелот со Ерменија. Миовски ќе чека шанса од клупата за да го забележи својот трет настап во Ла Лига откако против Атлетико настапи 32, а против Осасуна 64 минути.
На досегашните три натпревари во кои беше во конкуренција, тој беше стартер само еднаш, додека дуелот против Севиља во претходното коло го проследи од клупата за резервни фудбалери.