Миовски израдува детенце по победата на Абердин (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски постигна два гола во победата на Абердин против Бонириг Роуз (2-0) во осминафиналето на шкотскиот Куп, а по натпреварот израдува едно детенце на трибините.

Детето му го побара дресот на македонскиот фудбалер, кој му ја исполни желбата и реши да го подари својот дрес.

Миовски е во извонредна форма оваа сезона и постигна вкупно 22 гола и четири асистенции на 36 меча за Абердин во сите натпреварувања.