Миовски награден за добрите игри со место во тимот на сезоната во Шкотска

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски игра уште еден неверојатна сезона во дресот на Абердин, па поради тоа доби големо признание и беше избран во тимот на сезоната во Шкотска.

Миовски е единствениот од Абердин во друштвото на најдобри фудбалери, каде што најмногу доминираат играчи на шкотските гиганти Селтик и Ренџерс.

Македонецот во моментов е трет стрелец во шкотското првенство со 14 голови и две асистенции, додека пред него се Џејмс Таверние со 17 голови и осум асистенции и Лоренс Шенкленд со 21 гол и четири асистенции.