Миовски им се врати на головите, шести сезонава за Абердин

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски после безмалку еден месец повторно се запиша во листата на стрелци, откако имаше пост од два меча во шкотската Премиерлига, па после 21 минута го начна денеска Рос Каунти.

За Миовски ова е шести гол сезонава за Абердин, трет во Премиерлигата, а има уште еден во шкотскиот куп и два во европските квалификациите со својот славен шкотски клуб.