Миовски блесна за МТК во унгарскиот Куп - два гола и две асистенции

Македонскиот фудбалер Бојан Миовски летово ја напушти Ренова и се пресели во МТК Будимпешта, а во унгарскиот Куп веднаш покажа дека ќе биде квалитетно засилување за новиот тим.

Миовски играше одлично во Купот против Епиток (8-0), па постигна два погодоци и имаше две асистенции за МТК.

Македонецот првиот гол го постигна уште во првата минута од средбата за водство од 1-0, по што подоцна го пронајде патот до мрежата на противникот за предност од 7-0 на МТК.