Миланско дерби за фудбалер на Калјари

Николо Барела (22) е еден од најбараните фудбалери во Италија, а очигледно тој ќе бира помеѓу Милан или Интер.

Двата милански тима испратиле понуда до Калјари за овој фудбалер од средниот ред, кој прерасна во стандарден италијански репрезентативец. „Росонерите“ нудат 35 милиони евра за Барела и плус 10 милиони во бонуси, а во трансферот може да биде вклучен и некој фудбалер.

Интер има далеку подобра понуда за тимот од Сардинија, која изнесува 50 милиони евра. Медиумите веќе шепкулираат дека фудбалерот се одлучил за понудата на „нераѕурите“ и тоа најмногу бидејќи тоа е клубот за кој навива уште од дете.