Милан врза две победи во Серија А, гол и асистенција за Јовиќ! (ВИДЕО)

Милан со 3-1 го победи Фросиноне на Сан Сиро и освои три значајни бодови во борбата за местата кои водат во Лигата на шампионите но и за кревање на самодовербата.

Фросиноне се држеше до финишот од првото полувреме, а тогаш, во 43. минута Лука Јовиќ со својот деби гол за Милан донесе водство од 1-0 за росонерите.

По пет минути игра во второто полувреме Пулишиќ зголеми на 2-0 со одличен погодок и тоа по асистенција на голманот Мањан кој упати долга топка до стрелецот.

Јовиќ на овој меч не само што беше стрелец, Србинот запиша и асистенција откако во 74. минута додаде до Томори за убедливи 3-0.

Во финишот Фросиноне успеа да постигне почесен гол преку Брешанини.